Големото засилување на Интер има корона-вирус, ќе пропушти 3-4 меча

Бекот на Интер, Ашраф Хакими, е позитивен на ковид-19 и нема да игра на вечерашниот натпревар против Борусија Менхенгладбах, а ќе ги пропушти и наредните неколку меча на Нераѕурите бидејќи Мароканецот мора да биде во карантин цели 14 дена.

Хакими денеска го добил резултатот од тестирањето, а од Интер потврдија дека е позитивен и дека нема никакви симптоми, но ќе ги почитува сите здравствени протоколи. Освен Хакими, позитивни во Интер се и Јанг, Гаљардини, Раду и Шкринијар, додека Бастони и Најнголан, кои беа заразени, сега се негативни.

Неиграњето на офанзивниот бек Хакими, кој беше едно од најголемите и најскапи засилувања за Интер пред оваа сезона, е проблем за тренерот Конте.

- Оглас -

Најнови вести