Голман даде луд гол за победа со шут од 80 метри (Видео)

Денешниот обичен натпревар од италијанската Серија Б, група Б, помеѓу Модена и Имолезе кој заврши со 2-1 за домашните, предизвика големо внимание во јавноста поради победничкиот гол кој падна во 91-ва минута.

Необичното е што стрелец на голот беше голманот на Модена, Рикардо Гањо, и тоа со шут од 80-тина метри. На прсти може да се избројат голманите кои направиле нешто вакво. На Гањо целта му беше да ја исфрли топката што подалеку, а таа ги изненади сите, најмногу голманот на Имолезе кој беше лобуван.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести