Голман кога ќе ја утне работата, нема бегање од погодок (Видео)

Алекс Мекарти направи кардинална грешка во 20-тата минута и буквално му подари водечки гол на Арсенал против Саутхемптон во меч од 31-вото коло во англиското првенство.

Репрезентативецот на Англија одигра ноншалантно и го погоди шпицот на гостите во нога, а на Нкетија не му беше тешко на празна мрежа само да го потврди голот со кој Топчиите водат со 1:0 по првото полувреме.

https://twitter.com/SportMargin/status/1276204291796037633?s=20

Во ноември 2018 година бранеше за Гордиот Албион против САД на пријателски меч, но ако продолжи како против Арсенал, тоа веројатно и ќе му остане единствениот настап за репрезентацијатана Англија на 30-годишниот чувар на мрежата на Саутхемптон.

- Оглас -

Најнови вести