Голманите подобри од напаѓачите, Баерн оштетен за пенал?

Голманите на Баерн Минхен и ПСЖ, Мануел Нојер односно Кејлор Навас, засега се главни ѕвезди по првото полувреме на финалето од Лигата на шампионите. Нојер и Навас се најзаслужни што резултатот по првите 45 минути е 0-0.

Нојер имаше неколку одлични одбрани кога од изгледни позиции му шутираа Нејмар, Мбапе и Ди Марија, а Навас се прослави кога го одбрани опасниот шут со глава од близина на Левандовски. Полјакот еднаш го совлада Навас, но топката се одби од стативата.

Во финишот на првото полувреме, имаше една спорна ситуација во која за Баерн можеше да се досуди пенал, но судијата Орсато не се реши на таков чекор кога Коман падна во противничкиот 16-ник по дуел со Керер. Не се јавија ниту од ВАР собата, па засега нема голови.

- Оглас -

Најнови вести