Голманот го бркаше, но не го стигна: Стефан Ристовски даде гол на празна мрежа (Видео)

Динамо Загреб победи на гостувањето кај Истра со 2:0, по кое хрватскиот првак се доближи само на два бода зад лидерот Осиек. Амер Гојак погоди за водство на гостите уште во десеттата минута, но неизвесно беше до самиот крај.

Аријан Адеми играше до 66-тата минута, кога беше заменет, а Стефан Ристовски не само што го одигра целиот меч, туку беше и стрелец на погодокот во 98-мата минута. Гостите добија два црвени картони, што беше поттик Искра да нападне.

Домаќините тргнаа на сè или ништо и во последните моменти кога изведоа еден корнер, и голманот на Истра се најде пред противничкиот шеснаесетник. Тоа го искористи Ристовски, кој тргна прв во контранапад и непречен од никого ја погоди празната мрежа за 2:0.

- Оглас -

Најнови вести