Португалскиот гигант Бенфика е херојот на последното коло во Лига на шампиони, откако на свој терен со 4:2 го победи Реал Мадрид. Со оваа победа Бенфика стигна до 24 место, последно кое води во нокаут фазата од Лига на шампиони, додека Реал Мадрид извиси и не е во Топ 8 екипите кои директно обезбеди место во осминафиналето.
Неверојатна драма се случи во финишот на мечот во Лисабон. Бенфика водеше со 3:2, а Реал се обидуваше да израмни. Во 90+2 минута Асенсио доби црвен картон, а потоа беше исклучен и Родриго во 90+7 минута.
Во последниот напад на Бенфика, во шеснаесетникот на Реал Мадрид се најде и голманот на португалскиот тим, Анатоли Трубин, кој успеа со глава да постигне и гол за 4:2.
Со овој погодок Бенфика стигна до 4:2 гол-ралика која го одведе тимот на 24 место на табелата. Погодокот на голманот на Бенфика може да го видите ТУКА.

