Голманот на Брајтон во хумана акција: Секоја одбрана во ПЛ вреди 500 долари

Голманот на Брајтон Мет Рајан, којшто воедно е и репрезентативец на Австралија, ќе донира по 500 долари за секоја регистрирана одбрана во следното коло од Премиер лигата. Ќе се сметаат сите интервенции на 10-те меча, а средствата ќе бидат наменети за настраданите во пожарите.

Во ваква хумана акција досега учествуваа голем дел од познати личности и спортиски, па секако дека и Рајан сака да придонесе за побрзо да се надмине природната катастрофа која направи раздор на континентот.

Според статистиката од минатото коло, ако се земе во предвид дека имаше вкупно 60 одбрани, донацијата на Рајан може да стигне до сума од 30.000 долари.

- Оглас -

Најнови вести