Голманот на Брегот на Слоновата Коска го прими еден од најсмешните голови во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Африканскиот куп на нации редовно ни носи некои комични ситуации, а денеска за тоа се погрижи голманот на Брегот на Слоновата Коска, Бадра Али Сангаре.

На средбата против Сиера Леоне која заврши 2:2, тој во последните секунди од судиското продолжение ја одзеде победата на својата селекција и сигурниот пласман во елиминациите на АФКОН.

По сето ова следуваше неколку минутен прекин бидејќи тој наводно се здоби со повреда, иако речиси никој не му веруваше на теренот и сето тоа му беше една камуфлажа за да се оправда за неверојатниот пропуст.

- Оглас -

Најнови вести