Голманот на Палермо загубен во просторот, го прими најчудниот гол во Серија Б (Видео)

Голманот на Палермо Алберто Брињоли со несмасна реакција во последните секунди од мечот со Бреша го прими веројатно и најчудниот гол во Серија Б сезонава и им ја скрати радоста на соиграчите и особено на капитенот Илија Несторовски. Нашиот репрезентативец по повеќе од два месеци пауза настапи за Палермо, постигна и гол во 79. минута, кој беше и победнички се до големиот кикс на Брињоли и голот на Лука Тремолада.

Фудбалерот на Бреша во 92. минута веројатно се обиде да центрира, топката доби чудно движење и заврши зад грбот на дезориентираниот Брињоли.

https://www.youtube.com/watch?v=XXI-1zJJ4uY

До тој момент Палермо беше лидер на табелата, а вака со ремито од 1:1 Бреша го одбрани врвот со еден бод повеќе од клубот за кој играат Несторовски и Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести