Голманот ништо не можеше да направи, негов соиграч постигна ефектен автогол (Видео)

Еквадорскиот клуб 9 Октомври кој денеска слави патронат, немаше среќа на гостувањето кај Макара. Макара победи со 3-1, а вториот гол е автогол за паметење, го постигна несреќниот Дарвин Торес.

После одличен шут на домашните, топката се одби од пречката и дојде до Торес кој сакаше со глава да му ја врати на својот голман. Но, не го направи најдобро, голманот беше подизлезен, и топката атрактивно го лобуваше и влезе во гол за 2-1 за Макара.

Да биде белјата поголема, со овој пораз зачинет со автогол, значеше и испаѓање на 9 Октомври во Серија Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести