Унион Берлин и Фрајбург одиграа без голови во воведниот натпревар од десеттото коло во Бундеслигата. Гостите имаа одлична шанса за водство во 21-та минута кога Винченцо Грифо не успеа да реализира пенал.
Голманот на Унион Берлин, Фредерик Роноу со одлична интервенција успеа да го одбрани неговиот удар од 11 метри.
По ова реми, Фрајбург се наоѓа на петтата позиција со 17 бода, а Унион Берлин досега освои еден бод помалку.