Голот на Ајакс го славеa и фановите на Барселона (Видео)

Барселона лесно излезе на крај со Манчестер јунајтед, па публиката на „Камп ноу“ во последните половина час повеќе се интересираше за случувањата во Торино.

Кога разбраа дека Ајакс повел со 2-1, Каталонците се израдуваа бидејќи тоа значеше елиминација на Јувентус, кој важеше за еден од главните противкандидати за трофејот. Сега Барса има полуфинале со Ливерпул или Порто, но според реакцијата, веројатно повеќе се плашеа од евентуалното финале со Јувентус и стариот душман Кристијано Роналдо.

Еве ја реакцијата по голот на Де Лихт:

- Оглас -

Најнови вести