Голот на Меси му донесе нов рекорд, но Роналдо останува пред него

И со нов тренер, во Барселона навиките се стари. Лионел Меси е играчот кој треба да погоди за каталонскиот гигант да победи. Аргентинецот синоќа беше стрелец на единствениот гол во триумфот над Гранада, во меч на којшто Барселона постави рекорд по бројот на додавања на еден натпревар.

Освен клупскиот и шпански тимски рекорд, постигнување за во историјата постави и Меси. Со голот тој стана првиот играч во Шпанија кој успеал да постигне барем еден гол во 16 календарски години по ред. Иако ова е рекорд во Шпанија, сепак, Меси е зад својот најголем ривал Кристијано Роналдо. Португалецот кој во 2020 година веќе има дадено шест гола, може да се пофали дека цели 18 години во низа погодува во Топ 5 лигите во Европа.

Пред Меси е и Џампаоло Пацини од Верона, кој 17 календарски години погодува во најсилните лиги во Европа, додека со истиот биланс може да се пофали и Џими Бријан од Бордо.

- Оглас -

Најнови вести