Голот на Николов може да го однесе српскиот првак директно во ЛШ следната сезона

Бобан Николов синоќа го постигна својот прв погодок во елитното европско фудбалско друштво. На гостувањето кај Шахтар, Николов погоди за Шериф Тираспољ и тоа во 93 минута. Голот на македонскиот репрезентативец го спаси Шериф од пораз и на крајот дуелот заврши 1:1.

Освен Николов и другарите, на погодокот на Македонецот се радуваа и во Србија. На фудбалската клупска ранг листа на УЕФА, српските клубови се на 11 позиција, а првите 11 места носат директно место во групната фаза од Лигата на шампиони. Токму на 11 место е Украина, која има 31.600 бодови, додека Србија е со 29.875 бодови.

Голот на Николов во 93 минута кој може да го погледнете ТУКА, всушност „откина“ бодови на украинските клубови во вкупното рангирање. Токму тоа реми на Шахтар може да биде клучно. Динамо Киев вечерва игра на гости кај Бенфика и ќе има тешка задача да остане непоразен.

Црвена ѕвезда и Партизан утре ќе играат во Лигата на Европа и Конференциската лига и со евентуални победи, српските клубови ќе добијат поени за да ја надминат Украина во генералното рангирање.

Сепак, до крајот на оваа натпреварувачка сезона има уште многу да се игра, но сепак јасно е дека голот на Николов донесе радост и за српските клубови.

- Оглас -

Најнови вести