Голови ќе го красат отворањето на возбудливиот фудбалски викенд

1001 Лестер – Њукасл (21ч)

Победа е императив на Лисиците со цел да не си ги загрози шансите за пласман во Лигата на шампионите, односно да не им се повтори неуспехот во финишот од ланската сезона.

Со оглед на тоа дека Лестер славеше и во првиот дуел сезонава против Њукасл со 2-1, тимот на Роџерс може да оствари двоен триумф, а притоа да се задржи традицијата засега три меѓусебни дуели на кои имало три или повеќе гола.

Њукасл има свои математики околу опстанокот во Премиер лигата, меѓутоа бодовите за сигурност ќе ги бара во последните три кола.

Предглот тип: 1 & 3+ (2.19)

 

1701 Ленс – Лил (21ч)

На три кола до крајот, Лил ја има титулата во свои раце, но за да ја освои, ќе мора да победува до крај, инаку ПСЖ ќе си го задржи тронот во Франција. Ленс не е ниту малку наивен противник и стои високо горе на табелата, односно е во битка со Марсеј да обезбеди пласман во новата Лига на конференции.

Во последните пет меѓусебни дуели, Ленс и Лил дури трипати играле 3+, додека Данските доги сезонава како домаќини беа убедливи со 4-0. Влогот сега е поголем, па можеби ќе се игра попретпазливо, односно дуелот да го решат еден до два гола.

Предлог тип: X2 & 0-2 (2.12)

 

1301 Реал Сосиедад – Елче (21ч) 

Сосиедад треба да триумфира за да дојде на чекор до обезбедување пласман во Лигата на Европа, а нивното место на табелата ќе биде загрозено од Вилјареал и Бетис доколку вечерва не ја оправда фаворитската улога.

Сосиедад нема пораз од Елче во прволигашки рамки, а последните два меча на домашен терен ги доби убедливо со 3-0 и 4-0. Сличен исход може да се очекува и вечерва, меѓутоа гостите ќе се обидат да направат изненадување за да си ги оживеат шансите за опстанок.

Предлог тип: 1+I & 1+II (1.91)

 

1803 Штутгарт – Аугсбург (20:30ч)

Тимот на Дарко Чурлинов е најефикасен во Бундеслигата ако се издвојат екипите од долниот дел од табелата. Два гола се речиси просек во натпреварите на Штутгарт, а ако се земат предвид последните два меѓусебни дуели, речиси е загарантирана голеада бидејќи Аугсбург славеше со 6-0 во април 2019, а сезонава Штутгарт на гости победи со 1-4.

Домаќините ќе играат порастоварено, но треба да ја прекинат лошата низа од четири порази, додека Аугсбург се бори за опстанок.

Предлог тип: 2-3 прво полувреме (2.95)

 

1543 Фамаликао – Санта Клара (20ч)

За домаќините победа е единствена опција за да останат над зоната за испаѓање во финишот на сезоната во Примерира, а ако се земе предвид дека Фамаликао и на гости ја совлада Санта Клара, треба да се очекува двоен овосезонски триумф.

Гостите во претходните пет кола остварија само една победа, што значи дека падот на формата му одговара на Фамаликао, а воедно може да се очекуваат и повеќе гола бидејќи двете екипи редовно примаат голови.

Предлог тип: 1 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести