Авторот на виралната фотографија со Игуаин призна дека е лажна и обработувана (Фото)

Виралната фотографија од поранешниот фудбалер на Јувентус, Наполи, Реал Мадрид, Милан, Челзи, Гонзало Игуаин, се покажа дека е лажна.

Аргентинскиот 38-годишен екс фудбалер позираше со обожавател во продавница во Мајами, САД. Фудбалските фанови беа изненадени од запуштениот изглед на поранешниот напаѓач.

Но, се испостави дека авторот на фотографијата ја обработил сликата користејќи невронска мрежа, додавајќи му на Игуаин густа брада и неуредна фризура. На оригиналот, се гледа дека фудбалерот не се променил премногу од неговото пензионирање во 2022 година и нема толку голема брада и несредена коса.

- Оглас -

Најнови вести