Ѓорче Петров веќе може да размислува за следната фаза, го “растури“ Тиват со 21 разлика

Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа убедлива победа од 43-22 над Тиват од Црна Гора на првиот натпревар од Европската лига на ЕХФ. Шампионот на Македонија во текот на целиот натпревар доминираше, постојано беше во водство и не му дозволи на противникот ниту да се надева дека ќе успее да извлече поволен резултат од Скопје.

Најефикасна во редовите на македонскиот шампион беше Ана Марија Коларовска со 10 голови. Ива Божиновска постигна 8 голови, додека Ангела Јанкуловска седумпати беше прецизна. Голманката Слободанка Кицевска имаше 10 одбрани.

Реваншот во Црна Гора ќе се одигра следната недела, но тој ќе биде само формалност и екипата на Ѓорче Петров веќе е пласирана помеѓу најдобрите 32 екипи во ова натпреварување.

Останатите македонски претставници во Европскиот куп забележаа три порази. Ракометарките на Куманово двапати загубија на гости од претставникот на Швајцарија, Херцогенбуше, додека Чаир на домашен терен загуби од холандски Венло со 26-39.

- Оглас -

Најнови вести