Англискиот фудбалер Ентони Гордон пристигна во Барселона и ги поздрави присутните кои дојдоа на аеродромот да го фотографираат.
Првото засилување на Барселона за сезоната 2026-2027 слета на аеродромот „Ел Прат“ за да го финализира трансферот во каталонскиот клуб. Неговата следна дестинација е болницата каде што ќе биде подложен на медицински преглед. Потоа треба да следува и официјалното потпишување на договорот.
Барса за Гордон ќе плати 70 милиони евра, а плус можно е уште 10 милиони, во зависност од неговите перформанси и освоените титули.
Гордон откако ќе го комплетира трансферот во Барса, веднаш ќе се врати во Англија за да му се приклучи на националниот тим.
✈️ Gordon ya está en Barcelona para firmar con el Barça.
📹 @marccnunezz pic.twitter.com/OuCruC742b
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 28, 2026

