Гордоста на Израел маршираше победнички низ Москва

Гордоста на Израел, Макаби Тел Авив приреди сензација со триумф во Москва против апсолутниот фаворит ЦСКА, а разликата е огромни 17 разлика.

Макаби славеше со 93:76, а одиграа неверојатно добро во последниот период од мечот. Го добија со 29:14 и заслужено славеа, а бодовите им се мошне важни во обидот да се пробијат во Топ-8 во Евролигата.

Јовел Зосман беше изненадувањето за ЦСКА, а кошаркарот на Макаби постигна 15 поени и немаше ниту едно промашување од шестте обиди од поле, а погоди и едно слободно фрлање. Одличен беше и Џони О`Брајант со 14 поени.

Кај ЦСКА дуото Нандо де Коло и Вил Клибурн постигнаа по 16 поени, но уште само Отело Хантер имаше двоцифрен учинок со 12 поени. Сите останати кошаркари на домаќинот останаа под границата од 10 поени.

ЦСКА остана на третото место на табелата, а Макаби стаса на една победа до влез во Топ-8, што им дава шанса на Израелците да се надеваат на пласман во завршницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести