Гореше Куопио, фински Купс ќе игра финале за историски настап во Лигата на Европа (Видео)
Навивачите со спектакуларна поддршка надвор од стадионот им дадоа поддршка на играчите да ја победат Судува со 2:0.

Финскиот прволигаш Купс од Куопио успеа да забележи историски успех и за првпат да се пласира во финале во квалификациите за Лигата на Европа, а градот и буквално гореше за своите миленици на дуелот со Судува.
Навивачите се собраа во голем број зад трибините на стадионот и навиваа за Купс, екипа која победи со 2:0 и се пласира во завршната етапа и е на еден чекор од историски настап во фазата по групи.
Со голот на Рангел, домаќините поведоа во првото полувреме, а печат на победата стави Тарасовс со погодок во вториот дел.
Купс ќе игра против победникот од дуелот меѓу Ѓургарден и Клуж и ќе биде гостин во клучниот меч за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа.
Претходно и Арарат Ерменија успеа да го победи Целје со 1:0 по продолженија и да се пласира во финалето, каде што ќе ѝ биде домаќин на Црвена ѕвезда на први октомври.