Ѓорѓиев е магнет за трофеи: МВП во финалето и титула со Љубљана во Купот на Словенија

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев беше прогласен за најдобар играч во финалето, а неговиот тим АЦH Љубљана стигна до титулата во Купот на Словенија.

Во голема драма, откако имаше негатива од два сета, тимот на нашиот најдобар одбојкар го победи Марибор (28:30, 20:25, 25:21, 25:17, 15:11).

Ѓорѓиев уште еднаш демонстрираше квалитет и лидерски способности и со 27 поени едноставно беше незапирлив на теренот.

Ова е прва титула за Нико со овој тим, а до крајот на сезоната се надеваат дека ќе освојат уште две, во првенството и во Челинџ купот.

Во својата блескава кариера, Ѓорѓиев освојува титули и МВП награди за речиси сите тимови за коишто има настапувано.

 

- Оглас -

Најнови вести