Ѓоргиев: Го остваривме сонот

Капитенот Никола Ѓоргиев беше вистински предводник на македонската одбојкарска репрезентација. И вечерва, како и во текот на сите мечеви од квалификациите, Ѓоргиев беше вистинска енигма за противниците. Со победата против Унгарија, се испиша историска страница во македонската одбојка со првиот пласман на завршница на Европско првенство.

„Ова е сонот. Ова не се мери ни со титули, ни со МВП-награди. Ова е круна на една генерација. По раѓањето на мојата ќерка, ова е најсреќниот ден во мојот живот. Сонував да освоиме злато во Скопје, но поразот од Хрватска психички и ментално ме уби. Фала му на Господ, ова е 100-ти пати поубаво. Нонстоп бевме блиску до тоа ЕП, а сега ќе сме таму. Горд сум на овие момци, на сите одбојкарски работници и на сите кои ни даваа поддршка. Ќе остане запишано дека успеавме да се избориме за Европско првенство“, вели капитенот Ѓорѓиев веднаш по победата над Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести