Гори Порто пред дербито што може да ја реши титулата (Видео)

Порто и Бенфика ќе го играат големото дерби во португалското првенство, вечерва од 21.30 часот во меч што може да ја одлули и титулата.

Жешко беше пред дербито со вербални дуели на двете навивачки групи и по некој фрлен факел од едната кон другата страна на патот кон стадионот „Драгао“ на кој Порто ќе и биде домаќин на Бенфика.

За среќа физички пресметки немаше меѓу симпатизерите на двата најдобри клуба во Португалија, а забележливо е присуство на голем број на припадници на полицијата.

Пред стартот на дербито Бенфика има 54 бода од 19 меча и е лидер на табелата пред Порто со 47 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести