Гостите се фаворити на сите четири меча вечерва во НБА, првиот е од 19 часот

Со третиот дуел од серијата помеѓу Орландо и Детроит каде резултатот по две одиграни средби е 1-1 во победи, во 19 часот почнува вечерашната програма во НБА плејофот во која ќе има четири натпревари. Интересно е дека според квотите во Sport Life, на сите мечеви фаворити за победа се гостинските екипи.

Пистонс кој беше најдобар на Истокот во регуларната сезона влезе како голем фаворит во серијта со Магичните, но Орландо доби еден меч на гости и сега доволно му е да ги добие само мечевите дома за да оди во следната рунда. Но, Детроит кој 18 години немаше плејоф победа дома, пред два дена го разби малерот и сега треба да покаже дека е поопасен како гостин.

Оклахома сити со предност од 2-0 отпатува во Феникс, и ова е најчистата двојка според квотите, би било изненадување ако не биде 3-0 за шампионите.

Атланта и Минесота водат со по 2-1 против Њујорк односно Денвер, но квотите велат дека поголеми се шансите после вечерашните мечеви да биде 2-2, отколку 3-1. На потег се Џејлен Брансон и Никола Јокиќ, бидејќи ако нивните тимови не победат вечерва, историјата покажала дека ќе биде многу тешко да се пласираат во следното плејоф коло ако се најдат во негатива од 1-3.

- Оглас -

Најнови вести