Ниеден играч на Челзи не се прости од менаџерот Росениор преку социјалните мрежи

Тотален хаос владее во Челзи, тоа се виде и на натпреварот против Брајтон каде Галебите можеа да постигнат најмалку пет гола, но голманот Роберт Санчез го спаси својот тим од катастрофа. Сините пред 100 и кусур години последен пат загубија пет натпревари по ред во домашното првенство, што е веројатно најдобриот показател за тоа што се случува. 

Менаџерот Лиам Росениор беше отпуштен многу брзо, а звучи неверојатно што ниту еден од играчите на Челзи не се прости од тренерот преку социјалните мрежи, што е нешто што е пракса во овие модерни времиња. 

Сега тимот ќе го води Калум Мекфарлан, кој е само привремено решение, човекот нема УЕФА про лиценца. 

- Оглас -

Најнови вести