Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, е уверен дека неговиот тим може да ја прекине серијата на втори места во Премиер лигата. Топчиите беа лидери на табелата цели 200 дена, но во текот на неделата беа симнати од врвот од Манчестер сити, кој има предност само поради подобра гол-разлика.
„Тука сум четири години и секогаш завршувавме како втори. Ако го промениме тоа оваа сезона, ќе биде огромен успех за нас и за мене. Убеден сум дека можеме да го направиме тоа“, изјави Салиба.
Арсенал вечерва ќе го пречека Њукасл на домашен терен во 34-то коло, со почеток од 18:30 часот.
Манчестер сити нема да настапи во првенството овој викенд, бидејќи денес го игра полуфиналето во ФА купот против Саутемптон.

