Гостиварец доби ЕДЕН МИЛИОН денари благодарение на голови во 91-вата и 96-тата минута

Дека и понеделник може да биде многу среќен ден за обложување, докажа еден играч во Sport Life од Гостивар. На тикет на кој има само шест натпревари, со влог од 1.000 денари, добивката е ЕДЕН МИЛИОН денари. Ливчето е одиграно системско и се бараат четири од шест погодоци, но мајсторски одиграните прогнози на обложувачот му донесоа шест од шест погодени и максимална добивка од 1.000.000 денари!

ВЛЕЗЕ ВО 92-РАТА МИНУТА ЗА ДА ДАДЕ ГОЛ ВО 96-ТАТА МИНУТА

Дуелот од Премиер лигата меѓу Вест хем и Шефилд јунајтед е одигран 1-1&3+, а лондонскиот тим на полувреме водеше со 1:0 благодарение на погодокот од пенал во 41-вата минута. Драмата беше во вториот дел, кога Вест хем брзо даде и втор погодок, но мораше да има барем уште еден гол за да биде 3+.

Се играше 90+6 минутата кога Фредерик, кој влезе во 90+2 минута, даде гол за 3:0. Веднаш по тој погодок, судијата отсвири и крај на мечот.

На мечот Верона – Парма беше потребно двата тима да дадат гол во првото полувреме, а тоа се случи само по 13 минути игра, кога резултатот беше 1:1.

НА ШПАНСКИТЕ ДУЕЛИ ДА БИДЕ 4+

Реал Овиедо и Луго требаше да одиграат меч со четири погодоци, а на крајот резултатот беше 3:1 за домаќините. По првите 28 минути, резултатот беше 1:1 и беа потребни само уште два погодоци до крајот за 4+. Овиедо поведе со 2:1 во 63-тата минута, а во 88-мата минута домаќините и по третпат се израдуваа, а со тоа го израдуваа и гостиварецот.

Многу полесно четири гола паднаа на дуелот Кадис – Атлетик Билбао. Гостите уште на полувремето водеа со 3:0, а веќе во 52-рата минута беше 0:4 за добитна прогноза.

И ТУЛУЗ ДОНЕСЕ РАДОСТ ВО СУДИСКОТО НАДОПОЛНУВАЊЕ

Драма беше и на мечот од француската втора лига. Тулуз со 3:0 го победи Ажаксио, а првиот гол падна во првото полувреме за да биде 1-1. Вистинска неизвесност беше во полседните пет минути затоа што резултатот остана 1:0, а требаше да има уште два погодоци до крајот.

Домаќините прво погодија за 2:0 во 86-тата минута, а потоа во судиското надополнување стигна и третиот погодок за добитни 3:0.

Мечот од аргентинското првенство меѓу Росарио и Аргентина јуниорс заврши со победа на домаќините од 2:1, а беше потребно да биде 1-1&2+. Во последните пет минути од првиот дел беше скршен отпорот на гостите кога Росарио даде два гола. Во второто полувреме гостите постигнаа почесен погодок, но тоа не ја скрати радоста на среќниот добитник во Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести