Гостиварец и битолчанец „тријат раце“, со мала уплата добија многу

Во Гостивар, во неделата попладне, уплатени се 40 денари на тикет на кој има 12 парови и добивката е 872.091 денари, со бонус од 201.251. Но одложувањето на средбата Ривер плате – Бока јуниорс, му ја скрати добивката, па за исплата ќе има 381.159 денари, што е огромна сума ако се знае дека уплатата е само 40 денари.

Овој гостиварец од една страна може да жали што не се играше во Буенос Аирес, со тоа ќе беше во игра за повеќе од двојно поголема добивка, но треба да биде и задоволен бидејќи доколку Ривер не победеше, тогаш ќе останеше со празни раце.

На ливчето се погодени 11 фудбалски парови. Погодокот на Кореа од Лацио во 94-тата минута му донесе голема радост и го остави во игра, а на дуелот Вилјареал – Бетис, каде што исто така му требаше гол-гол, гостите од Севилја погодокот го постигнаа во 90-тата минута. Не му одеше „мазно“ ниту прогнозираната победа на Марсеј кај Амиен, а стравувал до крај да не победи Сампдорија против Џенова.

ВО БИТОЛА УПЛАТА ОД 20 ДЕНАРИ БЕШЕ ДОВОЛНА ЗА ДОБИВКА ОД НАД ИЛЈАДА ЕВРА

Осум погодени парови на играта дека ќе паднат по 1-2 гола во прво и второ полувреме на битолчанец му донесоа добивка од 64.306 денари, со бонус од 5.846 денари, а мајсторијата е во тоа што вкупниот коефициент е голем бидејќи уплатата е само 20 денари.

Станува збор за осум фудбалски меча играни во саботата. На сите паѓаа голови во двете полувремиња, а квотите се движеа од 2.60 до 2.85.

Битолчанецот најмногу се израдува кога Генк даде гол во 96-тата минута за да биде погодена прогнозата дека ќе падне еден гол и во второто полувреме.

Тотенхем и Челзи брзо дадоа два гола во прво, па играчот имаше среќа што не падна уште некој погодок во првите 45 минути, додека ПСВ му даде два гола во вториот дел, иако имаше уште речиси половина час за играње.

- Оглас -

Најнови вести