Готово е: Европскиот шампион го засили средниот ред со Ковачиќ

Хрватскиот репрезентативец кој минатата сезона ја помина во дресот на Челзи, Матео Ковачиќ, кариерата ќе ја продолжи во европскиот шампион Манчестер сити, тврди познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо.

Манчестер сити се согласи да му плати на Челзи 35 милиони евра со бонуси за трансферот на Ковачиќ.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1671449786099040256?s=20

Хрватот

Манчестер сити и официјално ќе го објави трансферот со Ковачиќ откако Хрватот ќе ги помине лекарските прегледи, а англиските медиуми пишуваат дека фудбалерот веќе ги договорил личните услови од договорот со Граѓаните.

Ковачиќ во кариерата има настапувано за Динамо Загреб, Интер, Реал Мадрид и Челзи, за кого минатата сезона одигра 37 натпревари и постигна два гола.

- Оглас -

Најнови вести