Готово е, Манчестер Сити и Ал-Хилал ги договорија деталите за трансферот на Ријад Марез!

Алжирскиот крилен напаѓач, Ријад Марез, после пет години го напушта Манчестер Сити и се сели во Ал-Хилал. Клубовите се договорија обесштетувањето да изнесува 35 милиони евра и останува уште Марез да ги мине лекарските прегледи и официјално да биде претставен како фудбалер на клубот од Саудиска Арабија.

32-годишниот минатата сезона ја освои тројната круна со “граѓаните“, односно од синиот дел на Манчестер си заминува со вкупно 7 титули, од кои дури четири во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести