Готово е: ПСЖ „го победи“ европскиот првак во трката за мароканскиот бек

Ашраф Хакими, десниот бек на Интер, во најскоро време ќе ја задолжи опремата на ПСЖ откако италијанскиот шампион ја прифати понудата од 65 милиони евра која дојде од Париз.

Челзи во меѓувреме се повлече од трката за потписот на ексталентот на Реал Мадрид, откако Хакими јасно истакна дека сака да игра во тимот каде што се Мбапе и Нејмар. Неговиот агент му обезбеди петгодишен договор со плата од 8 милиони евра по сезона и два милиони евра во бонуси, така што мароканскиот бек веројатно ќе биде првото засилување на Светците во пресрет на новата сезона.

Хакими зад себе остави блескава сезона откако одигра 37 од вкупно 38 првенствени меча во Серија А со учинок од 7 гола и 10 асистенции, покажувајќи се како еден од најважните играчи на Нероаѕурите во походот кон Скудетото.

- Оглас -

Најнови вести