Готово е: Роналдо веќе не е играч на Манчестер јунајтед!

Англискиот гигант Манчестер јунајтед објави дека го раскинал договорот со Кристијано Роналдо. Ова е очекуван епилог, посебно по интервјуто кое неодамна го даде Роналдо и во кое упати многу критики кон сега веќе неговиот поранешен клуб.

„Кристијано Роналдо го напушта Манчестер јунајтед по взаемен договор, а таа одлука веднаш стапува во сила. Клубот му благодари за неговиот огромен придонес во двата периоди кога беше дел на тимот од „Олд Трафорд“. Постигна 145 гола во 346 меча и му посакуваме сè најдобро во иднина нему и на неговото семејство“, стои во соопштението.

- Оглас -

Најнови вести