Градот Дортмунд мора да плати 320.000 евра, како „казна“ што Борусија не стана првак

Борусија Дортмунд во минатата сезона беше на прагот да ја освои титулата во Бундеслигата, имаше предност до 31 коло, но тогаш Баерн го презеде врвот и на крај се закити со трофејот. Поразот на Борусија од Шалке беше кобен и во фото-финишот, Баерн стана првак.

Колку биле сигурни во Дортмунд дека тие ќе го освојат пехарот, кажува и информацијата дека градот ќе мора да плати 320.000 евра како пенали за славјето кое не се одржа.

Додека Борусија водеше, градските челници биле сигурни во титулата и закажале шампионска фешта на главниот плоштад, и ангажирале обезбедување, изнајмување на бина, озвучување… Од тоа немаше ништо, но сметката мораше да се плати. Најмногу пари ќе добие агенцијата за обезбедување, кој ќе биде побогата за 265.000 евра без ништо да сработат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести