Граѓаните се во ритам, од нив ќе настрада и Брајтон

1004 Манчестер сити – Брајтон (19.00 часот)

Сити има три победи по ред во Премиер лигата, а Брајтон одамна нема победа, но често игра нерешено. Сепак, на „Етихад“ тешко дека гостите ќе останат непоразени. Традицијата најавува убедлива победа на домашните. Манчестер сити даде 4 или 5 гола на последните три соочувања со Брајтон. Откако Брајтон во 2017 година влезе во Премиер лигата, овој тим нема освоено ниту бод против Сити и на шест лигашки дуели, постигнал само два гола. Голем проблем за Брајтон е и големиот број повредени играчи.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.57)

 

1007 Тотенхем – Фулам (21.15 часот)

Фулам има низа од четири нерешени по ред. Но, тие се поефикасни само од три тима во Премиер лигата и мајстори се за играње мечеви со 0-2 гола. Тотенхем дома е многу опасен, а има и позитивна традиција во пресметките со Фулам. Последните два премиерлигашки меча на овие тимови кога Петлите биле домаќини завршија со по 3-1. Од 2013 наваму, сите меѓусебни дуели, без разлика на кој стадион се играле, завршиле со победа на Тотенхем.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.23)

 

1732 ПСЖ – Марсеј (21.00 часот)

Кога станува збор за Суперкуп како овој, ништо не се знае однапред. Се игра само еден меч, парижаните и марсејците за трофејот ќе се борат на стадионот во Ленс. Светците секогаш се фаворити кога играат против некој француски тим, но и Марсеј ќе има огромни мотиви. Нејмар почна да тренира, но неговиот настап е неизвесен. Во септември, во лигашки меч, Марсеј го шокираше ПСЖ во Париз со 1-0, со што прекинаа пост од девет години без победа.

Предлог тип: 2-3 гола (2.21)

 

1975 ПАОК – Олимпијакос (18.30 часот)

Олимпијакос има убави десет бода предност пред третопласираниот ПАОК. Гостите може да си дозволат и пораз без тоа да им го загрози челното место, но Олимпијакос сигурно нема да сака првиот пораз сезонава да им биде од солунските Црно-бели. Пирејците во 15 кола имаат дадено дури 42 гола, а примено само 6. ПАОК игра променливо, во последните пет кола има по два порази и победи. Во последните пет години, кога играле овие две екипи на „Тумба“, секогаш имало победник.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.13)

 

1349 Реал Сосиедад – Барселона (21.00 часот)

Ова е полуфинален меч од шпанскиот суперкуп, а дуелот се игра на неутрален терен во Кордоба, додека другото полуфинале е утре во Малага. Барса ја крева формата во последно време, во 2021 реди само победи, и тоа надвор од „Камп ноу“, и важи за фаворит во дуелот со Баскијците, на кои ќе им фали Давид Силва. Во 2016 година е последната победа на Сосиедад против Каталонците, и тоа во Сан Себастијан, а надвор од својот град многу одамна не славеле против Барса.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Манчестер сити – Брајтон 1+I&2+II (2.30)

Холштајн Кил – Баерн Минхен Т2 1+I&2+II (2.50)

ПСЖ – Марсеј 1 & Т1 3+ (2.45)

- Оглас -

Најнови вести