Гремио има бомбардер што е копија на Жунињо (Видео)

Гремио има бомбардер што според стилот на ударот наликува на познатиот Жунињо Пернамбукано, а Дејвид Браз со фантастичен гол против Палмеирас потсети на славниот сонародник.

Во стилот на Жунињо, стоперот на Гремио постигна гол, а топката упатена од 30-на метри со чуден лак се спушти зад гррбот на голманот на Палмеирас Вевертон. Со тој погодок, исклучително ефектен Гремио се спаси од пораз и ремизираше 1:1 на домашен терен, а ова беше само загревање за многу поважниот двомеч во Копа Либертадорес.

Двете бразилски екипи ќе играат меѓусебе во четвртфиналето на најважното клупско натпреварување во Јужна Америка, а ќе почнат повторно на Арената во Гремио на 21. август.

Реваншот ќе се игра на 28. август на „Алијанц парк“ во Сао Пауло, каде домаќин ќе биде Палмеирас.

https://streamable.com/ek3kt

Гремио

- Оглас -

Најнови вести