Во 13-тата минута од натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Барселона на Роберт Левандовски му беше поништен гол за водство на „каталонците“. Веројатно на никого на стадионот, но и оние што го гледаат мечот низ преносот не им беше јасно каде офсајдот, се додека не се појави фотографијата од полуавтоматскиот ВАР на која се гледа дека само мал дел од копачката на Левандовски е во офсајд.
Но, веднаш потоа се појавија и нови фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледа дека копачката која е во офсајд всушност е на фудбалерот на Реал Сосиедад, а не на Левандовски. Од фотографиите во продолжение проценете сами дали ВАР системот погреши.
¡ – !
▪️ El fuera de juego semiautomático a defensa y atacante.
❌ ¡El VAR ha representado la bota de Nayef como si fuese la de Lewandowski! pic.twitter.com/4HpGKqnp89
— Archivo VAR (@ArchivoVAR) November 10, 2024