Лошите вести за Реал Мадрид денеска никако да престанат. По Арда Ѓулер, јасно е дека и Едер Милитао нема да може да му помогне на тимот до крајот на сезоната.
Слично како Ѓулер, и бразилскиот стопер минал детални медицински прегледи, при што магнетната резонанца потврдила речиси идентична повреда, но на левата нога. Двајцата имаат истегнување на бутниот мускул, што наложува мирување од најмалку еден месец. Со тоа и за него сезоната практично е завршена.
Добрата вест за стручниот штаб доаѓа од состојбата на Раул Асенсио, кој значително напредувал во закрепнувањето. Тој целосно закрепнал од сериозните стомачно-цревни проблеми поради кои дури беше и хоспитализиран. Се очекува дефанзивецот да биде дел од составот за следниот натпревар, иако најверојатно ќе започне од клупата за резерви.

