Грифин како во најдобрите денови, тој е џокерот на Мрежичките (Видео)

Бруклин нетс го победи Милвоки бакс со 115-107 во првиот меч од дербито на источното полуфинале. За Мрежичките ова е значајна победа, бидејќи ја извојуваа во натпревар на кој уште во првата минута претрпеа шок, бидејќи им се повреди Џејмс Харден. Брадата се здоби со повреда на задната ложа и не се врати на паркет до крајот на средбата. Не се знае дали ќе игра на вториот меч.

Кевин Дурант со 29 и Кајри Ирвинг со 25 поени беа најефикасни во победничкиот тим, но огромна помош добија од Блејк Грифин кој имаше 18 поени и 14 скока, како и од Џо Херис кој погоди пет тројки и заврши со 19 поени. Кај Елените лидер беше Јанис Адетокумбо со 34 поени и 11 скока, но Бакс погодија само 6 тројки од 30 обиди, и тоа им е најлоша шутерска вечер сезонава.

Ова е најатрактивната акција во изведба на Ирвинг и Дурант:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести