Грин: Воопшто не ме засега за кој тим игра Леброн

Шеснаесеткратниот шампион на НБА, тимот на ЛА лејкерс, ноќеска гостува кај актуелниот првак Голден стејт вориорс во божиќниот спектакл кој ќе се одигра во „Оракл арената“. Овој дуел ќе биде веќе четврти во низа за „воините“ во кој за Божиќ ќе се сретнат со Леброн Џејмс на противничката страна, но за првпат Кралот ќе го носи дресот на Лејкерси.

Токму тој факт не менува ништо кај Дрејмонд Грин, кошаркарот на Вориорс: „Навистина, воопшто не ме засега за кој тим, односно чиј дрес носи Леброн. Тоа ништо не менува, тој игра за тимот кој е наш следен противник, толку. Очигледно ќе биде тежок дуел, Лејкерс играат многу добро, а имаат и доста квалитетни играчи. Кузма се дигна на едно повисоко ниво сезонава, Бол, исто така, одигра неколку добри мечеви“, истакна Грин.

Дуелот помеѓу Лејкерс и Вориорс ќе се одигра ноќеска, со почеток во два часот по полноќ.

- Оглас -

Најнови вести