Гринвуд го доби најконфузниот црвен картон во Ла Лига, тренерот на Хетафе ја откри причината

Екипите на Хетафе и Рајо Ваљекано одиграа луд меч зачинет со три црвени картони и девет жолти. Сите три исклучувања беа за домашната екипа, но едниот црвен картон беше на веќе заменет фудбалер, па Хетафе мечот го заврши со деветмина фудбалери.

Најмногу контроверзии предизвика директниот црвен картон кој му беше покажан на Мејсон Гринвуд во 50-тата минута. Фудбалерот на Хетафе беше во противнапад, двајца фудбалери на Рајо Ваљекано го фаулираа, но судијата покажа играта да продолжи, а тој нешто прокоментира. За гледачите беше нејасно зошто беше исклучен, но тренерот на Хетафе по натпреварот даде објаснување.

„Му кажа на судијата немој да се зае*аваш со мене. Тоа беше фрустрација, но никого во ниту еден момент не навреди“, рече тренерот на Хетафе, Хименес Бордалас.

- Оглас -

Најнови вести