Гринвуд и Фоден сакале четири девојки, потплатиле човек од хотелот да молчи (Видео)

Англиските фудбалски репрезентативци Фил Фоден (20) и Мејсон Гринвуд (18) си направија голем проблем откако во јавноста излезе информацијата дека во хотел довеле девојки на „дружба“, нешто што е строго забрането бидејќи требаше да седат во карантин. Младите играчи сакаа да се забавуваат, нашле телефонски броеви од девојки кои се расположени да им прават друштво, па го свртеле нивниот број.

Набрзо во хотелот се појавија две прекрасни русокоси кои се роднини, а фудбалерите биле ненаситни и барале четири девојки, но две не дошле. Гринвуд има девојка во Англија, а Фоден дури има и дете. Според англиските медиуми, влезот во хотелот бил забранет за лица од надвор и затоа двоецот не можел да добие женско друштво без помош од некој вработен во хотелот. Се зборува дека вработениот бил потплатен за да молчи и да не каже ништо.

Откако беа фатени на дело, двајцата беа вратени во татковината, а за непочитување на карантинот, ќе платат по 1.600 фунти. Сепак, поголем проблем за нив е што поради недисциплина можеби нема да се најдат на списокот на селекторот Герет Саутгејт за наредните мечеви.

На интернет се појави и снимка на која една девојка од Исланд разговара по телефон со фудбалерите, но оваа девојка изгледа е од оние две кои не отидоа во хотел:

- Оглас -

Најнови вести