Гринвуд нема да припари на терен уште една година, судењето му е закажано за идниот ноември

Мејсон Гринвуд речиси сигурно нема да игра фудбал уште една година откако судот во Манчестер му одреди датум за судење на 27 ноември 2023 година, или за цели 371 ден од денеска.

Гринвуд, кој е под истрага за тешки дела: за обид за силување, за физички напад, агресивно и неконтролирано однесување, беше притворен во јануари годинава откако еден месец претходно беше обелоденет скандалот. Потоа со кауција беше пуштен да се брани од слобода.

Шокантно беше видеото објавено на социјалните мрежи како ја малтретира својата девојка, која имаше видливи повреди од физичкиот напад на фудбалерот на Манчестер јунајтед, а го обвини и за обид за силување.

Гринвуд веднаш беше суспендиран од Манчестер јунајтед и не игра фудбал, иако беше еден од најперспективните англиски фудбалери.

Паузата е долга, а ако се докажат обвиненијата или дел од нив против Гринвуд, фудбалерот на Црвените ѓаволи го чека долга затворска казна.

 

- Оглас -

Најнови вести