Гринвуд се врати и предизвика длабока поделба во Манчестер јунајтед

Мејсон Гринвуд е ослободен од сите обвиненија за насилство и обид за силување на неговата девојка и повторно може да игра за Манчестер јунајтед, но неговиот кам-бек предивикува длабоки поделби кај Црвените ѓаволи.

Дел од луѓето во клубот не сакаат тој да продолжи да игра за Манчестер јунајтед и велат дека му прави штета на имиџот на најтрофејниот англиски клуб, објави „Гардијан“.

Има и такви што велат дека не е виновен и дека не смее да се заборави дека Гринвуд е во клубот од 7-годишна возраст.

Гринвуд има важечки договор со Манчестер јунајтед до 2025 година, за неговата судбина во клубот значајна ќе биде и реакцијата и на спонзорите на Црвените ѓаволи.

Од „Гардијан“ објавија дека контактирале 25 претставници на фирмите што се спознори на Манчестер јунајтед и дел од нив потврдија дека разговарале со раководството на клубот за случајот „Гринвуд“, но не е објавено каква ќе биде нивната реакција.

 

- Оглас -

Најнови вести