Гризман доби специјален дрес и се пошегува со Мбапе: Ене го Килијан, се смешка, подготвен е брзо да ме смени на врвот (Видео)

Антоан Гризман бие битка за најдобар асистент на Мундијалот, а доби и посебен дрес од француската репрезентација со бројот 28 како најдобар додавач во историјата на Триколорите.

Опасниот напаѓач трипати асистираше за гол на турнирот, што е најмногу, заедно со веќе испаднатите Бруно Фернандеш од Португалија и Англичанецот Хари Кејн.

Со вкупно 28 прецизни додавања за гол, Гризман е прв на вечната листа во оваа категорија кај актуелниот светски првак Франција.

Доби специјален дрес со бројот 28, а се заблагодари на сите и не заборави да го закачи Килијан Мбапе.

„Тука е и Килијан, ене го, се смешка и е подготвен да направи уште 10 асистенции и за час да дојде до 28.

Шегата на страна, треба да останеме фокусирани до крајот на турнирот, а има само уште два меча до нова светска круна. Ви благодарам на сите, да не бевте, немаше ниту јас да бидам ни близу до 28 асистенции во дресот со националните бои на Франција“, рече Гризман.

Antoine Griezmann is now France’s all-time assist provider! 28 assists and counting. from soccer

Утре Французите ќе играат со Мароко во второто полуфинале од 20 часот, а денеска во истиот термин Аргентина и Хрватска ќе бијат битка за место во финалето, што ќе се игра на 18 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести