Гризман откри дека игра “Фудбал менаџер“, но ги изненади сите со името на екипата

Еден од најдобрите фудбалери на Атлетико Мадрид и француската репрезентација, Антоан Гризман, за медиумите откри дека ја игра популарната игра “Фудбал менаџер“, но сите останаа изненадени кога кажа со која екипа игра.

– “Да, играм Фудбал менаџер. Со Блекбурн роверс. Одлично ми оди, во прва лига сум, моментално на шесттото место. Управата нема забележки. Сакаат да ми го продолжат договорот, а донесов и еден многу добар играч. Шкот е, играше за Ливерпул, не но можам да се сетам на името.“ – низ смеа вели Гризман.

- Оглас -

Најнови вести