Гризман смени правец, го одбра ПСЖ место Барселона

Антоан Гризман ќе биде нов играч на Пари Сен Жермен, според информацијата што ја објави каталонски „Спорт“.

Долго се шпекулираше дека одличниот француски репрезентативец ќе ја засили Барселона, но тука решaвачко беше незадоволството на играчите на шпанскиот шампион, кои не заборавија дека Гризман лани не сакаше да ја засили Барса.

Веднаш реагираа шеиците од Пари Сен Жермен и според шпанскиот медиум, двете страни веќе се договориле. Според „Спорт“ и договорот веќе е потпишан, а во текот на следната недела се очекува официјална промоција на Гризман како нов играч на францускиот првак.

Гризман ќе биде одлична замена за Кавани, бидејќи според информациите на француските медиуми Уругваецот сигурно си заминува од Париз.

- Оглас -

Најнови вести