Наполи набрзина го деласираше Лацио со 4:0, со три гола од седмата до 29. минута во вечер што беше убаво потсетување на една голема фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона.
Во чест на големата светска и клупска легенда на Наполи, играчите на домашната екипа експресно го решија прашањето на победникот и останаа на врвот на табелата со 35 бода по 14 кола.
Retweet so everyone can appreciate this Mertens goal. https://t.co/hY2lj96io3 pic.twitter.com/xeQJ4Q1SzR
— Socios.com (@socios) November 28, 2021
Првиот погодок на мечот беше дело на Пјотр Зјелински, а Наполи апсолутно доминираше и Фабијан Руиз со погодок во финишот ја запечати убедливата победа на лидерот во Серија А.
Од 64. минута за Наполи играше и нашиот репрезентативец Елиф Елмас.