Грмотевици во Вашингтон, шампионот се уплаши

Лидерот во Источната конференција, тимот на Тампа беј лајтнинг со 5-4 славеше на гостувањето кај актуелниот првак Вашингтон капитолс. Дербито на вечерта во НХЛ-лигата ги оправда очекувањата, Вашингтон поведе во првата делница преку Елер, а веќе во следнииот период гостите возвратија со четири погодоци и ја презедоа предноста, за Кузнетсов да го постигне голот за израмнување на 50 секунди до крајот и да изнуди продолжение.

По три минути игра, Хедман во соло-продор одлучи да го реши мечот и го стори тоа, па му го нанесе 31-виот пораз на Вашингтон сезонава.

https://www.youtube.com/watch?v=Le-AcKdDuHQ

 

Ванкувер канукс победи со 7-4 во гол-шоуто против Отава сенаторс. Домаќините во последната третина влегоа со пет гола предност, а Отава се врати во игра со четири неодговорени погодоци, но не успеа да стигне до сензација бидејќи Хорват и Ериксон во последната минута го осигурија славењето на Ванкувер.

Торонто мејплс лифс со 4-2 го совлада домаќинот Бафало, Винипег џетс со 3-0 победи на гости кај Анахејм дакс.

- Оглас -

Најнови вести