Грците останаа без олимписка виза по чешкиот нокаут што долго ќе го паметат (Видео)

Чешка приреди голема сензација во последното финале на квалификациските турнири за настап на Летните олимписки игри во Токио и со убедлива победа од 97:72 против Грција си обезбеди настап на кошаркарскиот турнир по 41 година пауза.

Ова е само еден во низата сензационални исходи, по кој освен Грција, без олимписка виза останаа и Србија, Канада, Хрватска, Турција, Бразил…

Грците беа фаворити против Чешка, но избраниците на Ронен Гинзбург со перфектен меч потврдија дека не беше случајна победата во полуфиналето против првиот фаворит Канада.

Чешка најави дека ќе оди на олимпискиот турнир уште по првата четвртина што ја доби со 32:22. Грците потоа намалија само na 4 поени во финишот на првото полувреме, но им се случи комплетен дебакл во третиот период.

Предводени од Патрик Ауда, кој беше најефикасен на мечот со 20 поени Чесите го декласираа ривалот со 31:11 и водеа пред стартот на последниот период со недостижни 81:54.

https://www.youtube.com/watch?v=2PYchfsExLU

Јан Весели беше одличен со 16 поени и 9 скока, а Чесите приредија огромно изненадување и ги оставија Грците без олимписка виза за Токио.

Како награда Чешка ќе има можност во првата фаза да игра со дрим-тимот на САД во А групата, заедно уште и со Франција и Иран.

Претходно и Италија приреди изненадување со триумф против Србија од 102:95 на турнирот во Белград, а на Олимпијадата во Токио од 23 јули до 8 август ќе играат и Германија, по триумфот од 75:64 против Бразил со Сплит, и Словенија, која на домашен терен ја победи Литванија со 96:85.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести