Грузија – Македонија бил речиси двојно погледан меч од финалето на ЕП меѓу Италија и Англија

Дуелот меѓу Грузија и Македонија одигран на 12 ноември 2020 година е најгледаниот спортски настан на телевизија во Грузија во последните две години, покажува направената анализа.

Дуелот кој решаваше за тоа која селекција ќе оди на Европското првенство, телевизискиот пренос во просек по минута го гледале 296.000 гледачи во Грузија.

Поради пандемијата, овој меч се играше без гледачи, па не е ни чудно за овој рекорд. Македонија победи со 1:0 и отиде на ЕП, а домашните фанови останаа разочарани.

Дуелот меѓу Грузија и Македонија бил погледан и од фудбалскиот меч Грузија – Шпанија како и финалето на ЕП меѓу Италија – Англија. Во топ 5 најгледани спортски настани во овие две години се и средбите Грузија – Бугарија и Грузија – Белорусија.

- Оглас -

Најнови вести